Прво тврдеше дека ќе сме имале вишок вакцини, ама Заев одеднаш се предомисли, сега ќе ја нарачува „Спутник“

По притисокот од јавноста и медиумите, Заев се премисли. Сега вели дал насоки за нарачка на руската вакцина, а до вчера тврдеше дека ќе ни биде вишок.

„Дали би нарачале од Спутник? Да, дадов насоки како што не информираа дека има капацитет за дополнителни 100 илјади да се направи од таму нарачка. Воспоставени се контакти се со цел процесот на вакцинирање да не прекине и да продолжи во предвидената динамика“ – вели премирот Заев.

До вчера пак не убедуваше во нешто друго и оперираше со бројки. Прво кажа ќе сме имале три милиони вакцини, па после 24 часа излезе со друга бројка. Спомeна 5 милиони дози.

“Ако имате предвид дека сте ставиле потпис во „Ковакс“ системот па дури сте авансирале 20 проценти и платиле од парите за вакцината, сте потпишале директно договор со „Фајзер“ тогаш мора да ги имате предвид и да ги калкулирате овие количини.Тоа што е уплатено или договорено со Кина, тоа што го имаме од соседите, дел помогнаа  а дел се уште понудите се отворени, на крајот може да се доведете во состојба да имате три милиони вакцини за 1 милион граѓани, така да тука се прави одмерувањето“– кажа премиерот пред два дена.

За вчера да каже:

“Ако продолжиме да порачуваме вакцини „Спутник“, следна веројатно е „Астра Зенека“, па нови количини од „Фајзер“, па нови количини од „Синофарм“ и ќе се затекнеме да има пет милиони вакцини во државата. Тоа е недозволиво заради рационалноста и наменското трошење на јавните пари. Ако се откаже дел од нарачките и се анулира дел од нарачката веројатно следни за нарачка ќе бидат токму „Спутник“ вакцините“ – рече вчера Заев.

Инаку, за набавка на руските вакцини на Македонија и било понудено уште во септември обелоденија од Руската Амбасада во Скопје, но Владата за овие понуди не дала повратни одговори.

И додека Македонија се „мисли” дали да ја нарачува руската вакцина “Спутник -В” во време кога на располагање има вакцини само од еден прозиводител и тоа донирани, Србија ги доби новите доби сто и педесет илјади дози од „АстраЗенека“ и со ова Србите ќе имаат право на избор од четири вакцини.

„Го молев Борис Џонсон, како и некои други лица од британската Влада, јас им се заблагодарувам на поддршката. Благодарен сум и на индискиот премиер, на министерот на надворешни работи. Вакцините ги добивме по најповолни цени, а од утре се достапни за нашите граѓани“, рече Вучиќ при дочекот на вакцините.

Од денеска Србија станува една од ретките земји во светот каде што граѓаните ќе можат да избираат помеѓу  „Фајзер/Бионтек“, рускиот „Спутник V“, кинеските „Синофарм“ и „АстраЗенека“.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста