Партијата на Вучиќ прогласи убедлива победа на изборите во Србија-опозицијата обвинува за кражба и најавува протести

Партијата на Вучиќ прогласи убедлива победа на изборите во Србија-опозицијата обвинува за кражба и најавува протести

Александар Вучиќ прогласи победа на изборите во Србија . Според досега објавените резултати  од преброени 95 отсто од  обработените податоци листата „ Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освоила 46,84 отсто односто 1.678.619 гласови. Ова значи дека тие ќе имаат 127 мандати во Парламентот.  Опозициската „ Србија против насилство“ која не ги признава изборите освои 23.38 отсто или 837 . 859 гласови , додека листата на Дачиќ зема 6,59 отсто од гласовите или тоа се 236 175 гласа

Актуелниот претседател на Србија Александар Вучиќ победа прогласи уште синоќа од партиското седиште

Она што е резултат на овие избори е дека една листа „ Србија не смее да запре “ има мнозинство .  Досега не пронајдовме ни едно избирачко место во Србија во која листата „ Србија не смее да запре“  , можно е да постои тоа место каде листата освоила помалку гласови од претходните избори , рече Вучиќ.

Опозицијата не ги признава изборите . Тие вечерва излегуваат на протест во српската престолнина . Мирослав Алексиќ, еден од лидерите на опозицискиот блок  објави дека протестот е поради ,, изборната кражба која се случила  во главниот град и ќе бараат поништување на изборите и прочистување на избирачкиот список .  

Со носење луѓе од страна кои не живеат во Белград, да гласаат во Белград е нешто што не можеме да го прифатиме и ќе се бориме со сите расположливи демократски средства против крадење на гласови  , вели Мирослав Алексиќ.

Лидерот на српската социјалистичка партија Ивица Дачиќ по објавувањето на прелиминарните резултати најави оставка .  

 Ние не сме задоволни од резултатот , вклучувајќи ме и мене како лидер на оваа коалиција , што е причината секако треба да се анализира .  Она што го кажав уште на почеток на кампањата , ние однапред донесовме одлука , какви и да бидат резултатите ние сме подготвени да ја продолжиме коалицијата со српска  напредна странка , порача Дачиќ .

После партијата на Вучиќ, на  второ место е  листата „србија против насилството“ која освои  22,86 отсто од гласовите, потоа социјалистичката партија на србија – 6,67, додека на изборната листа „надеж за србија“ има 4,94 отсто.  Листата на Бранимир Несторовиќ е освои 4,63 отсто.  Ова беа петти по ред вонредни избори во изминатите 11 години  , а пет малцински партии го поминаа цензусот .

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста