Паниката ги испразни рафтовите во продавниците, аптеките, пазарите

Стравот од Корона вирусот ги празни маркетите и аптеките во главниот град. Иако надлежните тврдат дека нема место за паника граѓаните сакаат да бидат снабдени за “секој случај”.

Рафтовите со брашно,шеќер зејтин и конзерви комплетно се испразнети во супер маркетите, а – маски и гелови за дезинфицирање во аптеките нема ни за лек.

Граѓаните за Алфа велат дека ги знаат и почитуваат препораките.

Алфа ги посети и зелените пазари. Затекнавме послаба фрекфренција од вообичаената. Пазарџиите се пожалија – корона вирусот не не плаши, но ни ја намали работата.

Сепак најголемата гужва, засега останува во аптеките. Фармацевтите велат, дека веќе неколку дена немааат маски, ни пак гелови за дезинфекција но нарачани се нови количини, а кога ќе пристигнат не знаат.

Од друга страна, епидемилозите објаснуваат дека маските не можат да обезбедат превенција од коронавирусот, а истото вчера го повтори и министерот за здравство, Венко Филипче.

Во меѓувреме, од СЗО повикаа на смиреност. Регионалниот директор Ханс Клуге апелираше,да се почитуваат мерките и повика на разумност.

„Нема потреба за тревога и за паника. Се работи за нов вирус и да не се заборави дека во различни делови на европскиот дел на СЗО секоја година од сезонски грип умираат меѓу 60 илјади и 65 илјади лица“, изјави д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

Со пристигнувањето на коронавирусот покрај Македонците и Балканците и кажаа добредојде на паниката. Истата слика со празнење на маркетите и аптеките како во Македонија може да се види и во Хрватска и Грција.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста