Пандемијата го дотолчи туристичкиот сектор – хотелите и рестораните кубурат со кадар

Се обистинија стравувањата на туристичките работници – сред сезона Охрид буквално остана без кадар. Келнери и готвачи нема ни за лек, македонските туристички центри принудени се да импровизираат со неквалификуван кадар. Проблемот со недостаток на работна сила е актуелен посебно последниве 5-6 години, но корона пандмијата ја дотолчи фелата. Туристичкиот сектор е уништен, наместо низ годините да се инвестираше во квалитетен кадар, сега хотелиерите и угостителите обезглавени, очајно се обидуваат по секоја цена да најдат чаре, очекувајќи некој да им работи за смеша сума, газејќи го човечкото достоинство, велат експертите.

„Еве последен пат ми се случи со еден гратски хотел со 5 ѕвезди,менаџерката ме повика и ми рече јас сакам вработени. Во ред јас ќе ги информирам нашите студенти дека Вие барате вработени, кога ми кажа дека нејзината понуда е 100 ден дневница, да работат на служење на храна и двократно. Тоа е понижување на оваа работа и понижување на личноста“, вели проф. д-р Ангела Пасквал-Ф.Т.У.

Туристичкиот сектор се покажа дека е прилично нестабилен,бидејќи секој мисли дека може да има хотел или ресторант, а некој да му аргатува за без пари. Поради тоа, голем дел од младите разбирливо се обидуват својот работен капацитет да го продадат на пазарите во регионов. Од ХОТАМ велат дека во некои други времиња од 20 до 32 отсто од профитот кој го остваруваа одеше за плати на вработените, сега во услови на падемија, хотелиерите се оставени сами да се снаоѓаат, бидејќи државата за некого е мајка за некого маќеа.

„Да, имаше фирми кои работеа добро во текот на минатава година, во короната поготово странските фирми кои имаа инвестиции овде, кои се извозно орјентирани, нивната продукција работи, но мора да спомнеме дека тие имаат и посебни услови овде кои ние ги немаме напротив“, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Во секорот туризам во Македонија беа вработени околу 25.000 лица, но последниве години, повеќето од нив заминаа на работа во странство. Конкретно ова лето, Хрватска нуди плата од 1000 евра месечно, но и други бенефиции на сите заинтересирани кои се подготвени да ги покажат своите кулинарски вештини. Примамливи се понудите и во Дубаи каде исто така заминаа многу угостители и студенти од фактулетот за туризам. Не е мал бројот и на оние кои заминаа од угостителството и сега работат во индустрија, велат нашите соговорници.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста