Палмер: Кога политичките лидери крадат од граѓаните го нарушуваат владеењето на правото

Европската Унија веднаш да ги исполни обврските и да ги почне преговорите за членство на Македонија во европското семејство-ова е еден од условите кои на пленарната сесија на министрите за надворешни работи го предочиМетју Палмер заменик помошникот на државниот секретар на САД.

  • Одлуката да се започан преговори со Македонија и Албанија пред година и пол беше навистина поттикнивачка, но сега ниту една од овие две земји не можат да продолжат понатаму.Затоа од суштинска важност е е ЕУ да си ги исполни обврските, веднаш да ги почне преговорите за членствосо Македонија и Албанија – рече Метју Палмер.

Вториот услов е градење на доверба,да почнат разговорите,а двете страни Македонија и Бугарија да изнесуваат предлози кои може да се разгледуваат,во спротивно тоа води кон поткопување довербата-додаде Палмер.

Разочарани сме што прашањето за Македонија и Албанија не беше решено воопшто.И покрај силното застапување и разумните решенија на португалско претседатлество и останатите европски партнери.Овие одложувања ги ослабнаа влијанијата на САД и способноста на ЕУ да ги унапредат заедничките цели во регионот-истакна Метју Палмер.

  • Справувањето на корупцијата е основа за зачувување и зајакнување на демокраријата.Кога политичките лидери крадат од граѓаните на нивната земја и го нарушуваат владеењето на правото  и независното судство еконимскиот раст се забавува нееднаквоста се шири  како и правичниот пристап до услугит,е помаал и довербата во владата паѓа-рече Метју Палмер.

Иако Словенија го превзеде претседателството со ЕУ, ова е најлошиот тајмин и немам високи очекувања што се однесува на отпочувањето на преговорите кога станува збор за Македонија. 15 години зборуваме за иста тема, се надевам дека ЕУ и институциите ќе разберат дека проширувањето е исклучително важно за нас .Тоа што се случува во последните неколку години е многу себично, многу егоистично и овој опасен национализам кој не разделува е опасен и Западен Балкан-рече словенечката европратеничка Тања Фајон отворајќи ја темата за бугарското вето на Македонија во рамки на пленарната сесија на тема Патот до ЕУ .Многу нешта се преопасни да ги кажеме но треба да сме реални, регионот е во лоша состојба, проширувањето е во лоша состојба, ЕУ е во лоша состојба додаде таа.

  • Мора да ја оставиме на страна оваа себичност овие  политички теми како бугарското вето ова за мене е преопасно и пресебично за земја да ја загрозува иднината на друга земја во регионот ова се соседни земји кои мора да живеат заедно и да соработуваат-рече Тања Фајон.

Македонискиот шеф на дипломаријата Димитров рече дека прашањето за јазикот не е само одбрана на македонскиот туку на европскиот идентитет и вредностите што ги промовира ЕУ.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста