„ВО ФОКУС“ : Уништено здравство – агонија на пациентите, егзодус на лекарите

„ВО ФОКУС“ : Уништено здравство – агонија на пациентите, егзодус на лекарите

Македонското здравство како хорор филм..Распаднати амбуланти и болници, умираат родилки и деца, стари и дотраени возилата на брза помош, кои не можат секаде да стигнат зошто ги нема доволно, а и оние кои има често се расипуваат, недостигаат лекови, за термини се чека со месеци, а медицинскиот кадар кој се образувал тука масовно си заминува од земјава. Нема никакви инвестиции, на глава ни висат милионски отштети за нереализирани проекти, како оној за Клиничкиот центар. Сомнителни набавки, тендери, корупција, обиди за приватизација. Одгороност нема, од никој – за ништо.

Власта цел мандат ветуваше “европско” здравство, со нов Клинички центар,нов паркинг на скопските клиники, бесплатно лекување, ефикасен систем за закажување, три пати повеќе специјализации, проширување на позитивната листа на лекови, еднаков пристап до квалитетни здравствени услуги,

“За година до година и пол мислам ќе можеме да започнеме со проектирање после тоа со почеток на градбата јас верувам во период за 5-6 години ние може да имаме модерен соодветен нов Клинички центар во кој сите граѓани на Република Македонија ќе добијат здравствена услуга” – рече Венко Филипче.

“Ние несомнено и Владата, имаат приоритет број еден одлуката за изградба на Универзитетски клинички центар со сите потребни стандарди за подобро функционирање” изјави Беким Сали.

„Прво за решавање ќе биде сообраќајниот хаос на Клинички центар. Се консултираме со сите институции, со сите засегнати страни и мислиме во најбрз можен рок тоа да го решиме. Како второ, да ја ажурираме и да ја промениме позитивната листа на лекови која не е променета над десет години“, изјави Фатмир Меџити, екс министер за здравство.

Но од ова ништо. Нов Клинички центар нема, сообраќајниот хаос пред клиниките е се уште секојдневие, позитивната листа на лекови скоро 10 години не е ревидирана, а далеку сме од еднаков пристап до квалитетни здравствени услуги.

На функцијата министер за здравство надолго во изминатите години с езадржа Венко Филипче. Пет години го водеше ресорот, а неговиот мандат беше проследен со бројни скандали..Најголемиот во историјата на здравството, скандалот на клиниката за Онкологија. во кој вработени краделе терапија од болни со рак и ја препродавале.  Јавноста бара одговрност од екс министерот Венко Филипче.

„Поставивте прашање во коешто сметам дека го давате и одговорот. Јас сум дал предлог да се воведе като-системот?! Па, ако сум дал предлог тогаш ќе сум го имплементирал заради тоа што сум бил министер после тоа. Јас апсолутно не сум бил запознаен со ништо на клиниката до пред да станам министер. Реверсот којшто го земаат сите јавноздравствени установи е за пациенти да не останат без лек!“ кажа поранешниот министер за здравство, Венко Филипче

Во низата афери се споменуваше името на Венко Филипче, собено з авреме на ковид пандемијата. Се поврзува со лошото менаџирање на ковид центрите и трагедијата во тетовската болница, во која животите ги загубија 14 луѓе. Вината јавноста ја лоцираше кај него и за доцнењето на ковид вакцините.  

Во меѓувреме пациентите со ретки болести се соочуваа со сериозни проблеми и го кренаа својот глас против здравствените власти.  Долг период имаше недостиг на терапија за болните од цистична фиброза и дијабетис. Изминатите месеци протестираа и лицата со дијабетес. Тие бараа да добијат средства за мерење и контрола на болеста, како глукомери и ленти, кои недостигаат константно.

И не само паиентите се соочуваат со проблеми. И докторите наидуваат на сопки во сопствената држава каде се образувале. Заминувањето на здравствени работници од Македонија е се помасовно и е загрижувачко. Главна причина за напуштањето на македонското  јавно здравство се ниските плати и мизерните услови за работа.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста