Останува забраната за јавни собири поради корона вирусот

Затишје пред бура. Денеска во Македонија по речиси две недели, за прв пат нема нови сомнителни случаи на заболени со корона. Но тоа не значи дека ситуацијата се подобрува. Мерките за одложување на јавните собири е продолжена до 13 март. Препораката не е проширена, и таа се однесува на сите видови јавни собири, концерти, митинзи, протести и спортски натпревари. Но, останува само на ниво на препорака, а не забрана. Најголема дилема остануваат спортските натпревари. Минатиот викенд и покрај препораката ракометниот натпревар меѓу Вардар и Монпеље се одигра пред публика, а пред преполна сала се одржа и манифестацијата Златна бубамара. Додека и во светски рамки се води дебата дали да се откажуваат натпревари и големи манифестации како Евровизија, кај нас сега дилемата е дудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Косово кој, иако закажан за крајот на месецот, треба да се ира пред публика. За министерот Венко Филипче фудбалскиот меч е ризичен и треба да се одигра пред празни трибини.

-Треба да бидеме внимателни и да се игра без публика. Зошто? Затоа што очекуваме на такви натпревари, посебно меѓународни, да има гости од странство, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Во меѓувреме,граничниот премин Деве Баир е на готовс за корона вирус. Министерот за здравство најави пристигнување на 20-тина туристи во Македонија од Сингапур и Јапонија кои биле во Романија. На граница ќе бидат пречекани од епидемиолог каде што ќе бидат анкетирани и прегледани .

-Известен е локалниот Центар за јавно здравје, автобусот ќе биде пречекан, патниците ќе бидат детално интервјуирани и по потреба прегледани. Тие доаѓаат од Романија каде што има веќе регистриран случај и тоа е причина да бидеме повнимателни, изјави министерот Филипче.

Изминатото деноноќие Македонија помина без ниту едно сомнително и тестирано лице за Ковид19. Единствената пациентка останува уште 24 часа на инфективна и е во добра здравствена состојба.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста