31 заразен со Коронавирус во Грција, 21 се заразиле од еден болен

Корона вирусот се шири на Балканот. Први случаи регистрирани во Словенија и република Српска. Расте бројот на заболени и во Грција, на европското тло, Корона вирусот засилено се шири.

Првите два случаи на заразени се потврдени и во Унгарија, а премиерот Виктор Орбан рече дека станува збор за двајца ирански студенти кои студираат во Унгарија.

Досега во Италија починаа 107 лица. Во Италија умреа вкупно 148 лица, според новите податоци, со што полуостровот е втор на светот по смртни случаи зад Кина.

Бројот на потврдени случаи од избувнувањето на епидемијата е зголемено на 3858 од 3089 вчера, односно зголемување за 25 проценти. Бројката на заразени пациенти со Коронавирус во Грција порасна на 31, откако 21 лице биле во контакт со деветиот позитивен случаj, објави грчкото Министерство за Здравство.

Новите случаи се обелоденија откако здравствените власти ги испитувале сите кои биле во контакт со 65-годишниот Грк, кој е во карантин во болница во Патрас, западна Грција.

Новите заразeни пациенти се дел од 53-та патници кои патувале со него во Израел и Египет. Според изворите, 65-годишниот маж има сериозна респираторна инфекција.

Неговата 65-годишна сопруга била тестирана и е позитивна на Коронавирус, и со тоа стана десеттиот потврден случај. Докторите тестирале 21 лице од неговите сопатници, и идентификувале над 400 негови познаници со кои контактирал и се по потрага по нив.

По Италија, и Грција ги затвори школите поради Корона вирусот во три региони.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста