Оризопроизводителите повторно на протест

Оризопроизводителите од Облешево излегоа на протести. Со трактори ја блокираа едната коловозна лента од магистралниот пат Штуп-Кочани . Бараат од надлежните итно решение на новниот проблем. Се заканија со блокирање и на втората коловозна лента доколку и понатаму надлежните продолжат да ги игнорират

“Сега гледата и сами едната лента е блокирана,но ако не дојдат ќе ја блокираме и втората коловозна лента.ќе останеме овде се додека не дојдат. Ние не бараме апанажи,не бараме ваучери за одмори,само бараме тоа што го работеме да ни се плате. И ние сакаме да ги школуваме децата,да купеме гардероба,ама гледајте од сите овде една вилица не можеме да направеме.

Оризопроизводителите се на работ на егзистенција. Ниската откупна цена и високите давачки за репреоматрејали  направи оваа култура да не биде рентабилна. Високите сметки за струја дополнително ги дотолчи.

 “Видете ми стигна 8000денари за струја,а минатиот месец сметката ми беше 2000. Сега ќе ја платам,а наредниот месец од што ќе живееме е прашање. Ова е жаласно,да плаче цела држава.Како е тргнала работата ќе немаме храна. Со жена ми дојдовме од Словенија,купивме земја,трактори ама оризот не оди и наредната недела пак се враќаме во Словенија.

Оризопроизводителите добија поддржка и од тутунарите и од лозарите.

“Доколку до петок не ги пуштат редовните субвенции и доколку немаме средба од понеделник излегуваме на протести”-рече Дане Јосеф-лозар.

Оризопроизводите бараат оризовата арпа се продава по четириест денари ,Владата да интервенира во намалување на цените на репроматрејалите,да се зголеми количината на зелена нафта,субвенциите да се исплаат најдоцна овој месец,а Ковид мерката да биде продолжена до 1ви септември.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста