Општината ќе бара одговорност за поплавата во кочанското училиште „Гошо Викентиев“

Се уште е неизвесно колкава штета претрпе средното училиште „Гошо Викентиев„ во Кочани откако водата од поројниот снег и дожд  пред повеќе од две недели ги потопи двата ката. Проценката на градежниот  и шумарски проценител е завршена, останува уште извештајот за електрика. По комплетирање на целосната документација ќе се утврди и висината на штетата. Се врши и целосна ревизија на тендерската документација. Откако ќе заврши проценката на целокупната штета, од општината најавија дека ќе барат и одговорност.

 „Новиот директор беше затекнат во целата оваа ситуација. На еден нетранспарентен , во една несоодветна постапка е влезено во проект кој е изложен на одредени ризици .Со сите овие активности што ги правиме, ќе ја утврдиме настанатата штета. Откако ќе утврдиме чива е одговорноста, ќе побараме надоместување на штетата„-изјави градоначалникот Љупчо Папазов.

Според Папазов целиот проект најверојатно ќе има и судска разврска, бидејќи не постои писмен акт со кој надзорниот орган  изведувачот го  воведува во градежните активности . Во меѓувреме училишниот кров е заменет, а учениците се вратени во училишните клупи. Тогаш градежната фирма „Еврометал„ од Виница убедуваше дека  површината соодветно била заштитена, наспроти тврдењата на директорот дека изведувачот открил дел од кровот и училиштето безмислосно го остабил на временските неприлики, поради што целосно под вода беа седум училници , уништени 70-тина компјутери и друг училипшен инвентар..

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста