Не(вистинската)транспарентност на општина Тетово

На еден ден пред да се гласа буџетот на општина Тетово за 2022 година, тетовскиот градоначалник Биљал Касами ги повика тетовци и сите заинтересирани на јавна расправа  да ги искажат своите забелешки и предлози.Решил да биде транспарентен,но се чини малку задоцнил.Нејасно е како би се зеле во обзир предлозите и би се вметнале во буџетот,кога веќе утре на Совет ќе се гласа истиот.Инаку, на дебатата речиси и да немаше граѓани, само претставници на некои здруженија, останато вработени во општината.Тетовци велат дека е задоцнет потег,но,би биле задоволни некој предлог да се вметне барем, со ребаланс на буџетот.Пред се,се надеваат, дека ова е искрено, а не само замајување на народот, дека е важен фактор за локалните власти

Инаку,транспарентноста на општина Тетово изминативе неколку години е речиси никаква,особено за медиумите.Поранешната градоначалничка Теута Арифи,беше невозможно да се договори за изјава, освен кога имаше некој настан.А честопати и сами ги снимаа активностите, па праќаа материјали на новинарите, без можност за прашања.Со доаѓањето на нејзино место,Касами вети дека ова ќе го поправи,но засега, се чини тешко му оди.Продолжува практиката за активностите да дознаваме од социјалните мрежи или соопштенија,а за официјално побарани прашања на адреса на општината,се чека со денови,за на крајот да не се добие одговор.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста