ОЈО утврдува дали некој наведувал на детска проституција преку „Јавна соба“

Подведување и наведување на проституција, ширење на детска порнографија, дали некој заработувал од експлицитните фотографии на групата Јавна соба која беше отворена на Телеграм. Скопското јавно обвинителство не ја исклучува можноста истрагата за групата да се прошири, без разлика што досега само 5 семејства на малолетнички пријавиле злоупотреба на фотографиите на нивните деца.

Од обвинителство ни посочија дека ги чекаат резултатите од вештачењето на двата одземени мобилни телефони на администраторот на Јавната соба. Наши извори од истрагата посочуваат дека освен за креаторот на групата, полицијата и обвинителството собираат докази и против двајцата администратори и двајцата модератори на групата. Освен одземените мобилни телефони на две лица, досега нема издадено наредба за претрес на домовите или пак одземање на компјутери на осомничените.

На 27 минатиот месец полицијата го откри администраторот на групата Јавна соба. Маж на 31 година беше осомничен дека ја креирал групата и ја води од две различни имиња Медо и Вирус. Во полиција на распит беше повикано уште едно лице. Во јавна соба беа зачленети над 7.000 телефонски броеви. Два дена подоцна, по барање на МВР, Телеграм ја затвори групата.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста