Грција се налутила за „Република Македонија“ па Димитров ќе бара разрешување на Мизрахи

Или министерката Рашела Мизрахи да ја врати таблата во труд и социјала со името Северна Македонија, или министерот Димитров, ќе побара нејзино разрешување. Грција се налутила, па испратила и вербална нота, во која било посочено дека Договорот од Преспа морало да биде доследно и постојано почитуван, објасни Димитров.
-Министерството за труд и социјална политика не е нејзин приватен стан, како што Уставот не е обично парче хартија. На министерката може да не и се допаѓа Уставот или Договорот од Преспа, но тоа не значи дека не треба да ги почитува – изјави Димитров
Ако Грција видела грубо кршење на Договорот бидејќи Мизрахи ја вратила таблата, запрашан дали не е кршење на Договорот што во Грција на патиштата не се сменети таблите, Димитров рече:
-Примената на Договорот, секогаш може да оди побрзо и може да оди и потемелно меѓутоа има чекори кои што се премногу видливи, ние исто така реагираме во делот на примената и почитувањето на обврската на другата страна Грција исто така реагира на почитувањето на обврските на нашата страна – рече Димитров.
Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи пред неколку дена ја смени таблата во министерството и ја вратила старата на која пишува Република Македонија.
Катерина Гетева