Охрид тоне во долгови – Новата локална власт наследува дупка од 22 милиони евра

Општина Охрид удавена во долгови,претходната локална власт ја олеснала оштинската каса и заедно со директорите на сите јавни претпријатија, успеале да направат двоцифрени милионски долгови изразени во евра.

Комулативно,долгот на сите оштински јавни претпријатија плус долгот на општина Охрид изнесува 1.354. 432.649 ден или околу 22 милиони евра. Постои една народна изрека која гласи пушти си ги нозете колку ти е чергата, претходната власт нозете ги пуштила и по чергите на идните поколенија-рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

-Она што беше претходно пласирано во јавност, за тоа во каква финансиска состојба се наоѓа општината ни приближно не соодветствува со реалната состојба-вели Пецаков.Од почетокот на месец јули кога долгот на општината изнесувал 29 милиони денари, до почетокот на ноември, за период од само 5 месеци долгот се зголемил за фрапантни 500 милиони денари,речиси двојно од тоа што бил и сега вкупниот долг изнесува 856 милиони 830 илјада.

Тоа значи дека во самиот предизборен молк, односно пред почетокот на изборна кампања и во текот на истата, долгот на општина Охрид пораснал за феноменални нешто повеќе од  8 милиони евра.Сето тоа е резултат, првенствено на недомаќинско работење,предимензиинирање на буџетот, одвојување големи суми за времени враборувања,трансфери кон невладини организации и медиуми-рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Вкупни сите јавни претпријатија должат 500 милиони денари или околу 8 милиони евра. Лидер во долгови е ЈП” Водовод” со 309 милиони 345.илјади  ден од кои 244.милиони 989 илјади  е долг кон ЈП “Колектор”.Потоа ЈП”Билјанини изори” со долг од 78.милиони 198.000ден, “Коминалец” со 60.милиони денари,”Нискоградба” -46.милиони 657.000 ден ,”Гратски пазар”-2,5 милиони ден,  и “Гратски гробишта”—1,000.000 ден.

Во 2017-та по промена на локалната власт директорите сите општински јавни претпријатија  ги наследија во добра кондиција со плус сретства на нивните сметки,вели Пецаков, додавајќи дека му тежат дополнителни 1 милион евра кои треба да се исплатат за договори кои се реализирале, делумно се реализирале, или воопшто не е почната новната реализација.Оваа сума е пресметана според договорите, додека реалната веројатно би била поголема,цени охридскиот градоначалник.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста