Вработените во АД „Славија“: Продажба без проценка е скандалозен чин

Продажбата на акции во државна сопственост без да се направи проценка е скандалозен чин – вработените во АД „Славија“ револтирани – да не се преземе ништо за да бидат заштитени е недозволиво за власт која „продава“ приказни за обезбедување подобри работнички права.

30 вработени во АД „Славија“ сосема случајно, преку медиумите дознаа дека државата планира да го продаде пакетот акции за околу 218.000 евра.

За разлика од сега, претходно кога се продаваше АД Славија 2012, работниците, како што велат, биле вклучени во целиот процес.

Државата продава 97% од акциите и поради тоа неспомнување и непреземањето грижа за вработените е крајно неодговорно и скандалозно, ако особено се земе предвид економската состојба во државава. Да продаваш фирма без да направиш процена на имот е тотално неодогворно. Во 2012 година кога имаше обид АД Славија да се продаде, вработените беа вклучени во целиот процес – велат вработените во АД „Славија“.

Вработените направиле и физибилити стдуија за перпективата и развојот на компанијата, која ја ипратиле до владата уштево март, но никогаш не добиле одговор.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека продажбата е случај во кој што постои еден сериозен криминал во обид, од страна на власта.

„Јас сум навистина шокиран од леснотијата со која лицата со кои што ги управуваат институциите , а се дел од структурите на СДСМ и ДУИ одлучуваат да прават криминал, како да е ова последно, како да нема да продолжи понатаму животот, но треба да знаат дека набргу доаѓа соочување со правдата и одговорност за сторениот криминал кој што се случуваше изминатиов период – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Колку точно имот сега има АД „Славија“ конкретно не се знае, со оглед на тоа дека последната проценка е направена во 2016 година. Во 2012тата, Македонската берза објави извештај кој покажува дека Славија поседува 31 илјади квадратни метри деловен простор, кои им ги издава на различни фирми меѓу кои и ланците маркети Тинекс, Кам, како и поранешниот Тедико. Истата година, проценките на Бирото за судски вештачења покажале дека имотот вреди околу 25 а долговите изнесувале 17 милиони евра, кои според ВМРО-ДПМНЕ сега биле значително помали.Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани вчера истакна дека не се продавал имот туку акции, а купецот ќе ги наследи сите долгови.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста