Ограбена експозитура на банка во Илинден, разбојниците упаднале вооружени

Ограбена експозитура на банка во Илинден, разбојниците упаднале вооружени

Вооружени разбојници упаднале во експозитура на банка во населба Илинден, претпладнево, и ограбиле поголема сума на пари. Ова го соопштува Министерството за внатрешни работи денеска.
– Денеска (28.02.2024) во 10.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во експозитура на една банка во нас.Илинден – Скопје едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари, соопштија од МВР.
Идентитетот на напаѓачот е непознат и, според очевидци, со пленот по стореното дело избегал во непознат правец.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста