Државната ЕСМ не произведува само струја – стана компанија од каде власта испумпува милиони евра народни пари

Државната ЕСМ не произведува само струја – стана компанија од каде власта испумпува милиони евра народни пари

Владата предизборно преку ЕСМ испумпува милиони евра. На неполни два месеци до изборите -”фрчат” скандалозни тендери на сите страни кои ги тресат Електрани на Македонија. Се трошат милионски суми за луксузни возила, а се фаворизираат и компании блиски до власта каде што се офајдија со најголемиот тендер потпишан во РЕК Битола за ископ на јаглен во последниот период вреден фантастични 46 милиони евра.

Опозицијата предупредува дека во ЕСМ владее криминалот. Aлармираат дека за сите криминали во Електрани на Македонија треба и ќе има да има одговорност.

На виделина испливуваат два идентични тендери двата вредни по 12 милиони евра а двата тендери ги добива иста компанија за работа со РЕК Битола .Мора да си ја вратиме државата и во таа насока може да најавиме дека следните истраги ќе се сеопфатни и ќе ги опфаќаат сите кои се дел од овие криминални дејности.А тоа ги вклучува компаниите кој влегуваат во ваков криминален однос со Електрани на Македонија” – вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

ЕСМ со народни пари набавува 52 возила од моделите на „Дачија“  и 30 од марката „Пежо 2008“ вредни 2,3 милиони евра. Интересно е што автомобилите се со дополнителна опрема која се плаќа дополнително, како што се сензори за паркирање и за дожд, камера за паркирање, погон на сите четири тркала, лед светла, систем за контрола на мртов агол и слично.

Пред десетина дена опозиацијата го обелодени најголемиот тендер во РЕК Битола каде што, како што велат, омилената фирма на власта Марковски компани доби нов договор тежок 46 милиони евра. За ова потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, се сомнева дека станува збор за дил меѓу СДСМ и ДУИ, едната да земе пари од ископот, а другата од увозот на јагленот. Не само што повторно е избрана истата компанија, туку нивната понуда била повисока за цели 30 проценти за разлика од другите.

ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време алармира за бројни скандали во Електрани, поврзани со тендери за изнајмување на механизација за работа во РЕК Битола но и за состојбата во термоелектраната Осломеј кај Кичево. Според опозицијата, целта на раководството на Електрани била да ја затвори оваа термо-електрана.

Сомнителните тендери во ЕСМ не завршуваат тука – службеничка од македонски пошти доби бизнис од Електрани вреден 7 милиони евра. Таа склучила три договори за набавка на адитиви за јаглен за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. А во сите тендери таа била единствен понудувач.

И додека ЕСМ служи за испумпување пари од државниот буџет, електро- енергатскиот систем е пред колапс. Зимава РЕК повеќе не работеше отколку што работеше, еден од трите блокови постојано или беше расипан или во ремонт, а Македонија беше приморана да увезува скапа струја.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста