Албанската опозиција ќе гласа за Законот за пасоши

Албанската опозиција ќе гласа за Законот за пасоши

Коалицијата ВЛЕН, составена од здружената албанска опозиција и крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари ќе го поддржи законот предложен од ВМРО-ДПМНЕ кој се однесува на продолжување на рокот на патните исправи до 31 декември.

Првиот човек на Демократско Движење, кое е дел од коалицијата „Вреди“, Изет Меџити одговарајќи на новинарско прашање рече дека власта ги оставила граѓаните затворени во државата.

-Оваа влада покажа дека не беше на ниво на задачата и ги остави голем број граѓани внатре во државата, но и надвор со голем број проблеми, без нивна вина. Мислам дека секое решение кое оди во прилог на граѓаните, ние ќе придонесеме, рече Меџити.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста