Одложено отворање на училиште во Струга за да може лента да сече градоначалникот Мерко

Наводно поради доцнење на административните процедури во Централниот регистар, отворањето на основоното музичко училиште во Струга, наместо на први септември, доцни цели 20 дена. Но и овој рок се пролонгира за дополнителни 2 дена,затоа што се чека оваа образовна институција официјално да ја отворат градоначалникот Мерко и министерот за информатичко општство Јетон Шаќири. Ова предизвика силни реакции кај родителите,отворањето на основното мизичко училиште во кое за прв пат ќе учат 122 деца, требаше да донесе нешто добро за градот за децта-велат, а не за да се собираат политички поени пред избори.

  • Тоа е класична злоупотреба на децата затоа што тие се вметнуваат присилно заедно со родителите во една политичка предизборна кампања која за жал противзаконски ќе го вклучи децата да бидат дел од таа машинерија.Нема да учестуваваме на тој час, и ако продолжува вака традицијата, ние планираме девојчето да го отпишеме од музичкото училиште изјави за Алфа еден родител.

Бидејќи основното музичко училиште за прв пат официјално почнува со работа оваа година,присуство на првиот час најавија Мерко кој ќе ги поздрави децата и министерот Шакири кој ќе ги врачи норматините акти на училиштето.Поради тоа претходно закажаните часови ќе се одржат во средна на 22 –ри септември во 18 часот-вакво соопштение добиле родителите.

Тие таму не се да им се обратат на децата, тие се таму да им се обратат на родителите.Навистина не им е местото барем сега на тие луѓе таму. Што има министер за информатичко општество да им каже на родителите или на учениците ?Она што нам посебно ни пречи, е тоа што сеуште не сме влезени во предизборна кампања, а одредени фактори тоа го користат изјави за Алфа еден родител.

Директорот на училиштето Алтин Зиба вели дека основач на основното музичко била општината односно Мерко и затоа тој не можел да го заобиколи неговото пристуство.

Ниту едно логично објаснување не може да се извлече како заклучок освен дека се работи за кампања, велат родителите. Мерко, се до официјализирањето на неговата градоначалничка кандидатура како да беше во земја пропаднат, не се појавуваше на многу поголеми настани од овој. Тие се сомневаат дека отворањето на музичкото училиште е темпирано непосредно пред локалните избори, и оти ќе се најде во реализраните проекти сокои Мерко по 4-ти пат ќе бара доверба кај граѓаните.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста