Министерството за здравство, Општина Тетово или директорот на болницата-чија е одговорноста за модуларната?

Кој бил надлежен и одговорен за модуларната болница, ако сите се прогласуваат за ненадлежни?.Министерството за здравство, општина Тетово и директорот на болницата-ова е кругот во кој од еден на друг се префрла одговорноста за модуларната болница.СДСМ го штити Министерот Филипче,ДУИ пак, директорот Бесими и градоначалничката Арифи. Тендерската документација која вчера ја објави Дојче веле, открива дека за планот за регуларно одржување на инсталациите,односно за струјата, водата, одводната мрежа и греењето,како и за заштита од пожар и имплементација на заштитни мерки одговорни биле локалните власти и болницата.Но,од болницата,отфрлаат одговорност.

И општина Тетово отфрла каква било одговорност.Тврдат дека тие немале надлежност ниту за противпожарната заштита , ниту пак за водоводот и канализацијата во него.Сето било надлежност на централните власти и на изведувачот. Изградбата на модуларната болница била реализирана со посебен закон, каде што сите надлежности биле насочени кон централно ниво, односно кон Министерството за здравство.

“Модуларната болница е градба од прва категорија и за истата инспекциски надзор врши државен инспекторат.Во однос на инсталациите за водовод и канализација,истите биле во надлежност за градење од страна на изведувачот, а општината извршила само пруклучок.Системите за безбедност и за гаснење пожар и контролата на нивната функционалност исто така се во надлежност на Министерството за здравство.”

И додека одговорноста скока од една на друга страна и додека се чекаат извештаите од истрагата, јавноста,пред се семејствата на загинатите во пожарот, ја бараат вистината за причините за трагедијата,но, и не се откажуваат од одговорноста и барањето оставки на надлежните.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста