Од „врата на врата“во услови на епидемија? – Затворени врати за политичките партии

Вонредна состојба, избори со маски, кампања „од врата на врата“, протоколот кој го изготви Комисијата за заразни болести за спроведување на изборите предизвикува револт и неверување кај граѓаните. Реагираат дека сега не е време за избори, а на политичките партии кои сакаат да водат кампања среде пандемија, вратата ќе им биде затворена.

Граѓаните се децидни дека не само што нема да им отворат врата на партиите, туку предупредуваат дека нема ни да излезат на гласање.

Ваквиот став на граѓаноте не е изненадување, со оглед на се она што се случува околу пандемијата. Бројката на заразени која не се намалува, но и на починати која константно се зголемува. Сепак, доколку “падне” договор за одржување на избори останува непознато како би гласале оние кои ќе бидат во изолација и самоизолација. Во протоколот оваа група не беше спомената од Филипче, ама денеска за Алфа тој се дообјасни. Тоа ќе го организирале центрите за јавно здравје и ДИК, но посебни детали нема.

Инаку, во упатството на партиите како да водат кампања дозволени се митинзи и одење од врата на врата но да се носат маски и да се држи растојание.На партиските собири да се користат разгласи, автобусите кои превезуваат членови и симпатизери да бидат пополнети најмногу со 50 проценти од капацитетот. На денот на изборите на гласачките места ќе се пуштаат онолку граѓани колку што има паравани, а до ДИК ќе предложат и продолжување уште два часа на времето за гласање.

Во инсистирањето за брзи избори, најновите идеи на Заев се ако треба да се гласа од 6 изутрина до 22 часот навечер да се обезбедат пенкала за секој гласач – што во превод значи дополнителни милионски суми за ваквата потреба.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста