За една недела ГОБ „8 Септември“ ќе ги отвори амбулантите

Градската општа болница 8 септември за една недела ќе ги отвори амбулантите и освен на пациентите со Ковид 19, ќе им служи и на останатите пациенти. Директорот на оваа болница за Телевизија НОВА потврди дека за исто толку време се очекува да бидат завршени сите технички зафати во делот каде што ќе биде префрлен центарот за КОВИД -19.

„На ова работиме цел месец и планот е овој дел да биде строго изолиран и да нема мешање на пацинетите. Одделенијата каде што беше кожно, инфективно и стариот простор за дијализа ќе бидат тријажа, за суспектните пациенти, полесните и средно тешките случаи и тие што имаат потреба за дијализа. Овој дел ќе има влез од надвор, од другата страна, а со горниот оддел ќе бидат поврзани со два лифта, искулучиво за оваа намена. На интензивниот оддел на првиот спрат ќе сместиме 20 респиратори за најтешко болните “, изјави за НОВА, директорот Христијан Костов.

Болницата во која најголем дел од капацитетите беа на располагање за пациенти со корона вирус, повторно ќе биде ставена во функција за сите граѓани. Според диреккторот, веднаш кога ќе се изолира делот за Ковид 19, сите пациенти ќе се префрлат на истиот, и повторно ќе се отворат амбулантите.

Инаку, единствениот пациент со КОВИД-19, кој е тргнат од респиратор ја напушти болницата оздравен и сега е со неговото семејство дома.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста