Образовен криминал на генералниот секретар на владата Мухамед Зекири?

Класичен образовен криминал има во биографијата на Мухамед Зекири, обвинува поранешниот виш просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски. Вели Зекири не смеел да се запише на факултет за новинарство оти завршил теолошко средно училиште во Кондово. Што е незаконски овде –  верските училишта (богословско, исламско) не се регулирани согласно законот. Тие што завршиле   верско училиште, можат да се запишат на повисоките степени на образование само на Исламскиот или на Богословскиот факултет, но никако на друг универзитет како УЈИЕ и други, објаснува Илиевски. Вели и дека Закири лажел во својата биографија за тао – кога завршил високо образование на  Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Тој вели дека дипломирал на факултет сектор новинарство во 2001 година, но од податоците кои ги имаме Универзитетот е формиран 2000 година, а почнал со уписи во 2001 година. Така што нема логика тој да дипломирал во 2001 година, тоа е лага, тоа е еден криминал. Сознанијата е дека првиот дипломиран студент е во 2004 година-вели Ѓорѓи Илиевски – виш просветен инспектор.

За ваквите обвинувања побаравме став од Владата, чиј генерален секретар е токму Зекири, но од таму не добивме одговор. Му се обративме и директно нему, но ни тој не ни одговори.

Сепак инспекторот Илиевски е дециден, за ваквите како што вели тој образовни криминали мора некој да одговара и ги повика надлежните да преземат дејствија. Вели како може некој кој правел криминал да биде секретар на владата.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста