Плановите дома се едно, реалноста друго, ќе влеземе ли во ЕУ како Македонци со македонски јазик, но само по 1944

Како ќе влеземе во ЕУ како Македонци кои говорат македонски јазик ако Бугарија и натаму ни го негира постоењето на нацијата и јазикот до 1944? Заев е оптимист дека јазикот и иденѕтитетот ќе останат нечепнати, но бугарските челници јасно го спорат нивното постоење пред 2 Август 1944. Иако велат дека не го оспоруваат правото на самоопределувње кај нив се отцртуваат главните тези од меморандумот кој Софија го испрати до земјите членки на ЕУ. Преговараме ли за патоказ или анекс на договорот со источните соседи кој би ги задоволил овие нивни барања?

Последен во низата бугарски политичари поранешниот престседател Росен Плевнелиев во анализа за 24 часа вели дека Скопје треба да гарантира дека ќе спроведе реформи и заев да се откаже од настојувањата за македонско малцинство во Бугарија. За возврат Софија би се откажала од ветото. Лошо ќе биде пишува Плевнелиев ако Македонија и натаму продолжи а се претставува како жртва.

“Не е добар план премиерот Заев да продолжува да настојува за македонско малцинство во Бугарија, бидејќи тоа никогаш не постоело. Во Скопје се загрижени дека Бугарија нема да го признае нивниот идентитет и јазик. Тоа не е вистина. Лошото сценарио е ако Скопје реши дека добитната стратегија да продолжи да се претставува како жртва на Грција во минатото, а денес на Бугарија. Ќе организираат кампањи, ќе лобираат, како што правеа во последните 30 години, но ќе загубат драгоцено време за неопходните длабоки реформи. Тој статус кво ќе биде во интерес само на Србија и Русија, кои продолжуваат да поттикнуваат антибугарски чувства и да отцртуваат линии на поделба во Република Северна Македонија”, вели Плевнелиев.

Претходно премиерот Борисов во интервјуто за Франкфуртер алгемајне цајтунг тврдеше дека е можен компромис, но само со прецизирање на историските и прашањата со македонското малцинство во Бугарија. Според него Бугарите во Македонија биле принудени да се пишуваат како Македонци. Тој негира македонско малцинство во Бугарија.

“Бугарските комунисти и Комунистичката интернационала контролирани од сталинистичка Москва сакаа од идеолошки причини по Втората светска војна Бугарите во Македонија насилно да ги претворат во Македонци. Бугарите таму беа принудени да се нарекуваат Македонци. Ако сега во процесот на влез во ЕУ се појават одредени заблуди и јас не реагирам, моите политички противници ќе речат Борисов ја продава бугарската историја и се витка под притисок на европските партнери”, вели Борисов.

Вицепремиерот  и министер за одбрана Каракачанов пред неколку дена изјави дека постои заеднилка историја меѓу Македонија и Бугарија, но дека таа е бугарска.

“Историјата е заедничка, но треба да утврдиме каква е. Таа е бугарската историја. До 1944 година историјата ни е заедничка, но таа е дел од бугарската историја,” изјави Каракачанов.

И покрај ваквите ставови на бугарскиот државен врв кај македонската влада постои оптимизам дека е можно решение за спорните прашања.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста