Новите градоначалници соочени со проблеми наместо со можности за развој

Долгови, блокрани сметки, нефункционална администрација. Промената на локалната власт отвори повеќе проблеми за решавање отколку можности за развој. Долговите се клучниот предизвик безмалку за сите општини, кои сепак и во вакви услови успеваат да го реализираат она што им го ветиле на граѓаните. На денешната промоција на проектите сработени во изминатите 100 дена што се одржа во Кочани, градоначалниците се осврнаа на она што затекнале, но и на тоа што ќе направат за да го подобрат животот на граѓаните..

„Општината ја наследивме со одреден износ на средства на основната сметка, но тие не се доволни за реализзација на само една третина од проектот што е започнат за реконструкција на градскиот парк. Но ние сме оддговорна власт, ке смогнеме сили, ќе најдеме средства и ќе го завршиме истиот„-рече Љупчо Папазов-градоначалник на Кочани

„Затекнав Општина со вкупен долг од 55милиони денари. Затекнавме и јавно претпријатие со долг од 23 милиони денари. Ова е тоа исто претпријатие во кое работниците земаа плата и по 100денари„-изјави Миле Петков, градоначалник на Виница.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски предупреди дека бројот на реализирани и отпочнати проекти би бил многу поголем доколку СДСМ и ДУИ оставеле економски стабилни општини.  

„Нели јас сум човек кој сака да биде математички прецизен па еве гласно велам дека тоа се повеќе од 1090проекти, од кои 160 се капитални проекти сработени од градоначалниците на Вмро-Дпмне и коалицијата. И знам дека им е тешко да ги соберат проектите кои се многу, затоа што заевизмот се уште силно владее во СДСМ и се разбира само од една математичка операција, а тоа е одземање„-рече Мицкоски во своето обраќање.

Најголем дел од реализираните и отпочнати проекти се во Источниот регион. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста