Новиот корона бран ја полни ГОБ „8 Септември“
Новиот корона бран повторно ги полни болниците.
Ова ексклузивно видео до кое дојде Алфа ја прикажува собата за интензивна нега во болницата 8 Септември. Пациенти врзани за респиратор и доктори облечени како космонаути кои се борат да спасат живот.
Таму во моментов се лекуваат 38 пациенти. Од нив на респиратора машина се 7, a со потешка клиничка слика 8 пациенти. Амбулантни возила постојано пристигнуваат пред тријажниот центар на болницата.
И претпладнево, две возила на брза помош истовремено донесоа двајца пациенти суспектни на корона вирус – помлад маж и една повозрасна жена.
Во последното деноноќие, во оваа болница починал еден пациент – 73-годишен маж од Прилеп, кој се лекувал од 19 мај.
Фотографија со пет возила на Итната медицинска помош, паркирани пред старата воена болница, вчера ги преплави социјалните мрежи. Под неа напис оти екипите на брзата помош истовремено донеле петмина пациенти сомнителни на Ковид 19.
Според податоцита на ИЈЗ, дури една третина од починатите или близу 34 отсто умреле во период од три дена по приемот во болница, а 4,1 процент починале при самиот прием. 42,6 отсто од Ковид позитивните пациенти починале во период од 6 до 14 дена по приемот на лекување, а 16 отсто по повеќе од две недели минати во болница. Според податоците на ИЈЗ, околу 7 отсто од позитивните случаи починале дома.
Биљана Божиновска