Короната урива рекорди 180 заболени и двајца починати – Филипче смирува

Корона кривата урива рекорди. Македонија денеска го бележи највисокиот црн биланс од 180 заболени и двајца починати оваа бројка е најголема досега од почетокот на епидемијата. Битката со вирусот ја изгубија 52 годишен пациент од Куманово кој се лекувал на Инфективната клиника во Скопје, а во болницата 8 септември почина 68-годишна Скопјанка. Најголем број од новите пациенти се од главниот град – дури 109, во Куманово-26, Штип-15, Тетово-12, а нов случај после 45 дена има и во Дебар.

Но расте и бројот на хоспитализирани, за едно деноноќие на болничко лекување биле примени 17 пациенти. Покрај драматичните бројки надлежните смируваат – новозаболените биле со лесна клиничка слика, а болниците пак биле подгототвени да ги примат потешко болните.

“Петнаесет семејства во Скопје носат вкупно 90 проценти од новозаболените лица во изминативе денови, кои се сега веќе во изолација. Растот на бројката на позитивни лица на КОВИД-19 во изминатите денови, особено денес 180, сѐ должи на зголемениот број на тестирани асимптоматски случаи и лица во изолација.” вели министерот за здравство Филипче.

Корона вирусот засилено се шири и помеѓу здравствените работници.Нови 13 медицински лица се позитивни на ковид19, од кои дури 11 се од болницата 8 Септември во Скопје, а двајца се од Гиниколошката клиника.

За жестоките реакции во јавноста дека била направена погрешна проценка со воведувањето на полицискиот час во Скопје за време на продолжениот викенд, Филипче вели дека тоа што голем број скопјани заминале во други градови не менува ништо.

Филипче најави и дека од понеделник не се планираат никакви рестриктивни мерки, односно најверојатно се укинува целосно полицискиот час.

 

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста