Нинџа ги „распеа“, Боки 13 ги занеме: Нетипичен молк од власта по тврдењата дека рекетираните милиони завршиле кај Заев

После овие зборови на Боки 13, молк кај речиси сите луѓе од власта. На социјалните мрежи ниту еден од функционерите на СДСМ не објавува ништо на оваа тема. Во медиумите единствено го има демантот на Зоран Заев и одговорот на новинарско прашање на техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој вели немало потреба од никаква истрага.

-Тоа што дневно фолклористички изјави се даваат, ако сметате дека треба да ги даде било кој од нас, воопшто не е основа за тоа да се сомневаме и да предизвикуваме внимание за работи кои што апсолутно немаат никаква врска со вистината. Тоа не се факти и основа на која се темели било каква истрага. Од непостоечки случај, нема апсолутно место за вознемирување во овој дел, изјави Спасовски.

Власта не беше толку тивка пред 10тина дена кога во судот сведочеше Александар Василевски Нинџа. Тогаш сериозно ја сфатија неговата изјава дека организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ земале 200.000 евра од ВМРО-ДПМНЕ. Иако тежината на неговиот збор е дискутабилна, со оглед на тоа што последниот беше само еден од неколкуте различни искази на Нинџа, за СДСМ тоа не беше проблем да се организираат и пресови на оваа тема.

-Неодамна во јавноста излегоа информации дека Дурловски заедно со водачите на протестите и крвавиот четврток добиле 200.000 евра за своите активности, изјави Костадин Костадинов.

И покрај тоа што Нинџа и во минатото имаше сосем различни сведочења во случајот „Ровер“, неговото сведочење за организацијата на настаните од 27 април, стана начин на терање кампања на социјалните мрежи од страна и на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

-Црниот 27-ми април, ни донесе безброј трауми кои не сакам да ги враќам на површина. Но, болката знаејќи дека некој беше подготвен да направи граѓанска војна за 200.000 евра… Не се премолчува! Но, сите вистински домољубци и добронамерни граѓани кои ве следеа и кои ги измамивте и ги фрливте во оган ќе си проценат сами дали си поигравте со нивните судбини за 200.000 евра или не, пишуваше на Фејсбук Николовски.

Инаку, Александар Василевски Нинџа е еден од двајцата кој доби под минималната затворска казна за упадот во Собранието на 27 години. Минимумот е 10, а Нинџа доби 8 години затвор, а сега чека и одговор на неговата жалба пред Апелација

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста