Никој не му може ништо на станарот поради кој трпат 45 штипски семејства

Не само станарите на зграда бр.2 на улица Сајбие Демир, заложници на штипјанецот кој тврди дека бил киднапиран од вонземјаните се и институциите.

Ниту судот,Центарот за социјлни работи,Општинта, АД за стопанисување со станбен и деловен престор не можат да го решат проблемот што речиси триесет години ги тишти 45-те семејства станари на зградата.

Алфа тргна во потрага на одговори на прашањето зошто Миќи Трајчески се уште го узурпира станот, ако се земе во предвид дека е раскинат догоговорот за стопанисување.

Во 2009 год. Поради неплакање на станарината, непочитување на куќниот ред и уништување на имот во сопственост на државата, судот му го одзел станарското право.Но наместо да се исели, тој и понатаму продолжил да го узурпира станот со големина од 65квадрати.

Уште во септември минатата година штипската подружница на Станбеното претпријатие има испратено допис до владината Комисијата за станбени прашања во кое се бара на Трачевски да му се додели помал стан со посебен влез, но одговор се уште нема..

Миќи Ли Трајчевски не е корисник на социјален додаток.Зема инвалидска пензија во висина од 12.000денари, појаснуваат од Центарот за социјални работи. Тие не можат ништо да сторат, бидејки лието не е нивни клиент.

Досега реагирале но само во делот на малолетните деца кои шетаат со него, за кои станарите кажуваа дека ноќите ги поминуваат со него,мотајки се во партали и губре.

Од центрот за соцјани работи објаснуваат дека стапиле во контакт со родителите на децата.Деновиве повторно ќе се разговаат со нив.

Ако не преземат ништо, согласно законот ќе им се одземе родителското право, но прашањето е каде ќе се сместат овие деца, ако се земе во предвид дека домовите се затворени и се оди на институционално згрижување во згрижувачки семејства.

Тешко е да се најде семејство за вакви деца, а преполн е Малиот групен дом вели за Алфа директорот на Мегуопштинскиот центар за социјални работи.

Петицијата со која се бара под итно да се исели станарот од првиот кат ја доставиле и до ЛОкалната самоуправа, од каде што појаснуваат дека тие ќе помогнат на станарите но само во делот на нивните ингeренции, вклучувајки ги Јавните претприaтија во расчистување на депонијата.

Револтираните станари се децидни штом на нивниот сосед кој добил се од државата , а притоа не си ги подмирува сметките и никој ништо не му може, време е да се свртат нов лист.

Најавија граганска непослушност-неплакање на сметки за вода, струја,данок ,но и бојкотирање на изборите.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста