ВМРО-ДПМНЕ со предлог за распуштање на Собранието на 12 февруари, веројатно ДУИ, Алијанса и БЕСА ќе го поддржат

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за распуштање на Собранието на 12 февруари. Можно е зад предлогот да застанат и ДУИ Алијанса и Беса, а ваквиот потег на опозицијата следува по најавите од Заев дека власта сака пролонгирање на распуштањето на законодавниот дом за неколку дена.

“Бегањето од избори на Зоран Заев е бегствои од соочување со одговорноста.. Со ова се докажува дека е подготвен целата држава да ја стави во заложништво само да се обиде да се спаси себеси. Македонија не смее веќе да биде заложник на партиските интереси, суетите на одредени министри и стравоит на Заев од соочување со одговорност”, изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека се за распуштање на парламентот на 12 – ти февруари. Но тврдат дека и ако има одложување од 5-6 дена за да се изгласаат законот за јавно обвинителство и изборниот законик повторно можат да се запазат роковите за избори на 12 април.

“Доколку е во интерес на сите да ги решиме овие прашања и со изборниот законик и со јавнбото обвинителство и доколку таквата можност е дадена со дополнително 5-6 дена работење на Собранието тогаш би можеле да ги исполниме роковите од изборниот законик и да почнат да течат изборните рокови во тие 53 дена, изјави Бетиан Киктев од СДСМ.

И собранискиот спикер Талат Џафери за Дојче Веле тврди дека Битката законот за Јавното Обвинителство не ќе може да се води преку скратување на законските рокови за изборите.  Институциите како што истакнува треба да работат според закон, а не според желби.

Дека евентуалното пролонгирање на распуштањето на парламентот и изборите може да биде проблем и за ДИК смета и првиот човек на Комисијата, Оливер Деркоски.

“Очекувам да оди се како што треба на 12 Февруари претседателот на Собранието да го донесе  решението за распушрање односно распишување на изборти и после тоа да течат сите останати рокови”, вели Деркоски.

Францускиот амбасадор Тимоние исто така предупредуваат дека освен изгласувањето на Законот за јавното обвинителство важен е начинот на кој ќе биде усвоен. Виси дури и поддршката на независните пратеници. Тие сметаат дека бомбите не треба да бидат докази туку само индиции.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста