Нови 17 починати од сезонскиот грип во Грција

Грипот во Грција „однесе“ 38 лица, лекарите предупредуваат колку се важни антивирусните лекови и вакцинирањето. Најмладата жртва на грипот е четиригодишно девојче, а само во изминатата недела има 17 мртви од грип.

Во последната недела се пријавени 100 нови случаи, од кои 51 бараат хоспитализација, со што бројот на заболени достигна 151. Од вкупниот број на заболени само 36,4 проценти биле вакцинирани.

Најважно за заштита од вирусот е почитувањето на мерките за лична хигиена и вакцини против грип. Експертите предупредуваат дека грипот ќе го има до крајот на март .

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста