Невладини организации бараат да се урнат дивите објекти долж охридското крајбрежје

Охридското крајбрежје не е приваен имот, затоа да се урнат објектите вдолж целата брегова линија, а концесионерите да ги вратат плажите во првобитна состојба-ова е заеднички став на невладините здруженија од Струга.Бараат да се стави крај на нелегалната масовна урбанизација, посебно на потегот од Сатеска до Радожда каде владее невиден хаос.Потенцираат дека постојано никнуваат дивоградби и тоа со помош на вработени во релевентни институции кои наместо да ги санкционираат,го премолчуваат ваквото неодговорно однесување и негрижа за животната средина.

Се огласија и од Охрид СОС,дали велат законската уредба што ја донесе Влада, а се однесува на плажите е само уште едно ветување, за наивниот народ краткотрајно радување или некоја нова предизборна мамка? Токму локалната и централната власт со децении го толерираат и поттикнуваат узурпирањето на езерскиот брег.

Околу ова го побаравме и мисењето на граѓаните.

АНКЕТА:  1. Јас сум од Тетово,што мислат охриѓани, ако треба заштита на Охрид,не знам јас не би ги рушела плажите ми се многу убави.Мое мислење ама тоа не ништо не значи; 2. Нели сакаме да го промовираме македонскиот туризам, така да треба да ги бараме луѓето да се вратат на домашните плажи и сега да ги рушиме.Сметам дека тоа не е добар потег и дека не би требало тоа да се направи.

Охриѓаните кои што живеат од туризам се огорчени, велат има многу други по важни работи што треба да се средат, а се врвен приритет на Унеско. Ценат дека спроведување на законот кој се однесува на плажите,ќе го дотолчи охридскиот туризам.

Место да се види езерово што е загадено, колекторскиот систем не чини,место да се фати тоа да се направи и уште милион други работи,место тоа да се направи.И сега да било како што било некогаш првобидното,ам ајде да се вратиме провобитно ни патишта ни улици немаше ништо-Ирак Каневче-кајчар.

Ќе падне и понудата во Охрид,сите апартмани, сите сместувачки објекти добиваат на цена покрај понудата на Охрид.Јас не знам како некој ќе се смести во стариов дел ќе плати апартман,а нема каде да оди на плажа-Марјан Лаброски-управител на “ Потпеш”.

Во незавидна состојба се и околу 600 угостители кои работат во сега спорните угостителски објекти, во сред лето, ќе останат без работа.

 Добив многу понуди за работа во странство но сепак ете државата понудува добри услови за работа тука и сакаме да останеме,арно ама после ова остануваме сите на улица 00.20+00.26 И сега не знам што да правиме,не знам како дауспееме,имаме долгови,кредити како ќе ги исплатиме само Бог знае-Александар Стефаноски- келнер.

Правни застапници на дел од охридските концесионери веднаш по огласување во Службен весник на уредбата со која Владата бара закупците да ги вратат плажите во првобитна состојба,  ќе ја оспорат истата пред Уставен суд.И додека за ваков потег се поготвува и Мерко,охридскиот градоначалник ја поздрави  Владината одлука со која цени дека ќе се ставело ред во искористувањето на крајбрежјето и ќе придонесело во насока на исполнување на препораките на Унеско.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста