196 заразени, 8 починати – најцрн ден од пандемијата, СДСМ во изборна кампања, здравствениот систем крахира

Македонија го живее најцрниот ден во Корона кризата, со осум мртви и рекордни 196 заразени, од кои 90 се само во Скопје. Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен. Најмладиот на 31 годишна возраст, двајца на возраст од 43 години.

Во моментов имаме дури 2011 активни случаи на заболени, најмногу во Скопје. Бројката зарзени од почетокот на пандемијата достигна 3895. Податоците се повеќе од алармантни, но дали и за власта која денеска реши да промовира ново крило во општата болница во Струмица.

Таму беа премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, па дури и Зоран Заев кој се појави како партиски лидер. Останува нејасно во кое својство се појави на денешниот настан во Струмица, кога не е ниту премиер ниту градоначалник. За најцрниот ден немаше ниту збор, но затоа имаше еден куп фалби дека се градело дури и во услови на пандемија.

– Минатата година ја најавивме 2020 година, како година на вложување во човечкиот капитал.Затоа ги зголемивме платите на здравствените работници, ги подобривме условите за работа – набавивме нова опрема, но и ги подобривме условите во јавно – здравствените установи. Со тоа создаваме услови граѓаните да имаат пристап до широк спектар на здравствени услуги во своите локални средини, а лекарите и медицинскиот персонал да имаа современи услови за работа за да ја пружат најдобрата здравствена услуга. Покажавме дека сме одговорна влада, која успеа да го рехабилитира цунамито што го затекнавме во здравството и да го зајакнеме здравствениот систем во нашата држава, рече Спасовски.

Додека власта се фали со ново болничко крило, здравствените власти се соочени со катастрофа. Расте бројот на аразени помеѓу медицинскиот пероснал, а клиниките се соочени со преополни капацитети. Како најново дури 16 медицински сестри од клиниката за Гинекологија се во изолација. Министерот Филипче, кој е соочен со крах, тврди дека здравствениот систем бил под контрола:

– Родилката која беше во Гинеколшко-акушерската клиника, потоа во болницата „Ремедика“, понатаму примена на Инфективната клиника во Скопје и на свое барање согласно состојбата која што тоа го дозволила во лесна состојба таа заминала на домашно лекување. На ГАК 16 медицински сестри се во изолација, но не од овој случај. Од нив поголем дел поминуваат 14 денови и ќе се вратат на работа и клиниката функционира добро и работата не е компромитирана, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

И додека власта на терен почна да тера кампања, статистиката е немилосрдна и алармантна. Македонија е црна точка не само во регионот туку и пошироко. Додека сите земји ги олабавуваат мерките и се враќаат во нормала, со мал број на заразени, кај нас пандемијата драматично расте.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста