Нема работници во хотелско-угостителската дејност

Проблемот со недостатокот на работна сила- хотелско угостителската фела која посебнопоследниве 5-6 години, импровизира со неквалификуван кадар ќе го крпари со краткорочни вработувања на невработени или на веќе вработенли лица во други сектори кои сакаат да спечалат денар повеќе.На овој начин ќе се намали работата на црно,но нема да го реши за нас горливиот проблем-велат од ХОТАМ.

Овие мерки нема сигурно да го решат проблемот околу работата во овој сектор. Таргетот би бил на вработени кои работат во други сектори, дали се во текстилна или било која друга индистрија кои сакаат да работат повеќе од нивното работно време што го имаат таму – изјави претседателот на ХОТАМ – Крсте Блажески.

Во суштина ,ова само ќе ублажи некои шпицови со кои се среќавме во тек на некоја нормална сезона на работење,меѓутоа остануваат сепак проблемите со ангажманот на работна сила за овој сектор – изјави Зоран Михалоски од ХОТАМ.

Овој проект Хотам го реализира со пари до ЕУ, а со помош наМеѓународната организација на трудот ќе ја притиснат Владата и надлежните институции преку измена на законската регулатива да се овозможи и дефинира краткорочното пријавување на вработените. Ценат дека тоа ќе ги мотивира работавачите да ги исплаќат на време и да ги пројавуваат и краткорочно вработените.

Доколку на работавачките им се олеснат административните работи во врска со пријавувањето на краткорочни вработувања и доколку им се намалат трошоците за придонеси ,ќе бидат поспремни да ги пријават своите вработени, значи тие што ги ангажираат по потреба – изјави Славица Гашоска од ХОТАМ.

Работниците, можат да бидат ангажирани најмногу девет дена, кај еден работодавач, но во текот на месецот можат да работат кај тројца и тоа во периодот од 1 мај до 31 август годинава.

За осум часовно работење на вработените келнери, шанкери, собарки,предвидено е исплата од 1.500 денари, додека дневницата за искусните готвачи ќе биде 3.000 денари. На овие лица ќе им се исплаќаат и придонеси, кои ќе влезат во завршниот стаж. Придонесите за пензиско ќе бидат платени од страна на ЕУ преку проектот, додека дневицата ќе ја исплаќа работодавачот, истакнаа од ХОТАМ.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста