Нема нови информации за Македонецот со коронавирус, на „Дајмонд принцес“ ќе се слави „Валентајн“

Нема нови информации за состојбата на заболениот Македонец од коронавирусот на крузерот „Дајмонд Принцес“. Тој вчера беше  хоспитализиран во болница во Јапонија. Другите двајца македонски државјани, кои сѐ уште се наоѓаат на бродот во Јокохама, остануваат во карантин барем до среда. Рекле дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот.

Во меѓувреме, денешниот ден на вљубените ќе прослави и на бродот. Директорката на компанијата испрати порака дека без разлика на болеста сите ќе слават.

Сакав само да ги проверам сите и да кажам дека сите се држиме добро и заедно како една голема фамилија..Сакав само да ја објаснам мојата теоријата, вистинска теорија за последните седум дена…“ изјави таа.

Инаку бројот на жртви се искачи на 1.383,  а регистрирани се 5.090 нови случаи, што е рекорден број.

Со КОВИД-19 се заразени вкупно 64.435 лица во повеќе од 25 земји низ светот.

Меѓу болните во Кина има се повеќе здравствени работници кои се грижеле за болните. 13о од вкупно 500 вработени во само една болница се веќе заразени.

Засега најмногу болни има во Кина, со три смртни случаи пријавени надвор од земјата, од кој последната е 80-годишна жена во Јапонија.

Денеска, по две недели, се пуштени од карантин првата група француски државјани од 181 лице откако беа евакуирани од кинескиот град Вухан. Француските власти соопштија дека ниту едно од лицата не било заразено од вирусот .

Во Франција до сега се регистрирани 11 случаи на коронавирусот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста