Нема интерес за гласање на ковид дијагностицираните и лицата во изолација

Слаба заинтересираност за гласање на ковид дијагностицираните и лицата во самоизолација во Тетово.Од 343 активни случаи заболени со ковид 19 и повеќе од 700 во самоизолација, само 69 вкупно се пријавиле до ДИК.Но, и оваа бројка велат оттаму, е најголема споредбено со другите градови.

До општинската изборна комисија преку полномошник доставени се 23 барања за Ковид или самоизолација и 46 барања се доставени преку онлајн страницата на ДИК или севкупно 69 лица со позитиви или се самоизолација, вели за АлфаАртан Адеми- Претседател на ОИК Тетово

Поделеност за денот на гласањето и меѓу тетовци.Некои се плашат и нема да гласаат, други пак, специјално за изборите дошле од странство.

Во меѓувреме бројот на заразени во Тетово и натаму е загрижувачки и константно расте.Денеска се регистрирани, нови 26 случаи.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста