Не доликувало да се гази по сонцето од Кутлеш, кривопаланчани ќе чекорат по лик на светец

Сонцето од Кутлеш, симболот на македонската држава, згасна и на плоштадот во Крива Паланка. Задоволувањето на грчките апетити изгледа е поважно од се. Доказ за тоа е брусењето на сонцето од Вергина за време на празничен ден и среде полициски час.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски за Алфа вели , симболот ќе бил заменет со општинскиот грб – светецот Јоаким Осоговски. Ако е срамно да се гази знамето со Вергина дали не е срамно да се гази светец? Мицевски кажа две различни изјави.

За начинот на отстранување на симболот жестоко реагираше екс градоначалникот на К.Паланка Арсенчо Арсовски.

Кога го градевме плоштадот “Карпошово востание” го градевме и се гордеевме со тоа. Се гордеевме како паланчани не како членови на политички партии. Сега на нaјподмолен начин во време на полициски час го откорнувaш сонцето на вергина од градскиот плоштад и тоа онака, подaнички и прeдавнички баш како што ти личи. Си го покажувате правото лице„ ) – напиша на Фејсбук Арсовски.

Истовремено, Владата од општините бара “да ја исконтролираат состојбата” со сонцето од Кутлеш веднаш?! Електорнска пошта на Владата што веќе се споделува на социјалните мрежи потврдува дека – брусењето на сонцето од Кутлеш е по налог директно од Генералниот секретаријат на Владата.

Ваша обврска е од секоја урбана и месна заедница по петмина вработени да излезат на терен и да ја исконтролираат состојбата околу симболот, односно каде е поставено, испишано дали е по капаците на шахтите, трансформатори, фасади и објекти и секаде каде што ќе го забележите, а е на јавен простор.По увидот , направете листа со локација и испратете ни ја на мејл до среда „– се вели во допис од Општина Карпош.

Процесот на бришење на сонцето од Кутлеш започна од скопските шахти.На околу петнаесеттина општини во земјава – Свети Николе, Могила, Виница, Македонска Каменица, Новаци, Илинден, кои во оригиналната форма го имаа сонцето од Кутлеш по насока од Владата направија измени на сите јавни места каде го имаше 16-кракото сонце.

 

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста