Ворен Бафет ги продаде сите акции во американските авиокомпании

Американскиот милијардер Ворен Бафет објави дека неговата компанија „Berkshire Hathaway“ ги продала сите акции на четири од најголемите американски авиокомпании.

Обраќајќи се на годишниот состанок на акционерите, Бафет рече дека „светот се смени“ заради коронавирусот.

Тој рече дека згрешил што инвестирал во авио-индустријата, пренесува Би-Би-Си.

Бафет се обрати неколку часа откако „Berkshire Hathaway“ забележа рекордна загуба од 50 милијарди долари во првиот квартал.

Конгломератот има 11% удел во „Delta Airlinesu “, 10% во „American Airlansu“, 10% во „Southwest Airlinesu“ и девет проценти во „United Airlinesu“, покажува годишниот извештај на компанијата.

„Berkshire Hathaway“ започна да инвестира во горенаведените четири авиокомпании во 2016 година, откако со години избегнуваше да инвестира во авио-индустријата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста