Нато не брани, Србија ќе не храни- Вучиќ ќе ни праќа пченка и пченица, власта уверува дека резервите ни се полни

Србија ќе го храни македонскиот народ. По изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека на барање од државава ќе ни испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка се отвора дилемата зошто власта тврди дека стоковите резерви се стабилни.

Од Агрокомората при ССК велат дека од огромно значење е да се знае во каква состојба се стоковите резерви за доколку треба да се надополнат, како и дека е потребна поддршка на бизнисот во вид на субвенција. Велат, тие не побарале вакво нешто од Србија, но во секој случај го поздравуваат како позитивен потег.

Вчера имаше изјава Вучиќ што во секој случај е позитивна работа, затоа што е нешто што е нужно потребно во наредниот период, бидејќи имавме пандемиска криза, економска криза имавме енергетска криза која е многу тешка за бизнисот и конечно имавме војна блиску до нашите граници. Членовите на Стопанските комори сметаат дека стоковите резерви  треба да се искористат на начин да по повластена цена се овозможи како суровина да влезат кај приватните бизнисмени. Државата да ни даде соодветно ниски цени којшто ќе помогне да се произведат доволно и нормална пристојна цена, вели претседателот на агрокомората при ССК Горан Георгиевски

Надлежните и натаму смируваат. Директорот на Агенцијата за стокови резерви  вели дека количината што ќе ја испорача Србија не е поврзана со стоковите резерви и  нема простор за паника. Но колкава е количината на резервите и натаму останува државна тајна.

Не мислм дека тоа е за државните резерви се мислело на Македонија за да се продаваат. Македонија набавува секој ден од Србија затоа се набавува повеќе . Што се однесува до стоковите резерви, ги имаме сите видови и количини на стоки кои се предвидени со Закон. Стоковите резерви се од добар квалитет и се чуваат на добри места. Мислам дека моментално нема потреба да се пуштат стокови резерви бидејќи на пазарот има и повеќе  од што е потребно на дневната потрошувачка, вели Реси Абдурахмани, директор на агенцијата за стокови резерви.

Со статус на ФБ се огласи дури и Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Според него,  Македонија има залиха од 45.000 тони пченица кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.

Споменатите количини се во годишните планови на стопанските субјекти, кои им се планирани да ги увезат до почеток на жетва со цел како и секоја година да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на млиновите, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви, напиша Николовски

Инаку, српскиот претседател Вучиќ во вечерашното вонредно обраќање до јавноста за полититичката и економската криза околу воениот конфликт во Украина, изјави дека Србија на  на Македонија  веднаш ќе ги испорача бараните количини.  Србија уште минатиот месец за сопствените потреби нарачала 30 милини колграми сол, милион килограми грашок и грав, како и 30 милиони килограми брашно и млеко во прав.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста