Народниот правобранител отвори бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народниот правобранител отвори бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата, на народниот правобранител од 7 часот утрината па до 19 часот кога официјално треба да заврши првиот круг за избор на претседател на Македонија, граѓаните можат да пријават, каква било повреда, на избирачкото право, на бесплатната телефонска линија – 0800 54321.

Граѓаните можат да пријават повреди, на избирачкото право и лично, во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“, спроти спомен куќата на Мајка Тереза. Од канцеларијата на народниот правобранител, дека, дежурства ќе има и во подрачните канцеларии, во Струмица, Кичево, Тетово, Битола, Штип и во Куманово.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста