На шест месеци пред избори – со над 660 милиони евра, Владата ќе ги врбува граѓаните

На шест месеци пред избори – со над 660 милиони евра, Владата ќе ги врбува граѓаните

Мерки за предизборен поткуп на граѓаните. На шест месеци пред соочување со граѓаните Владата најавува помош за младите, пензионерите, земјоделците, социјално ранливите категории, компаниите.  Ова следува откако со месеци е на нозе речиси цела Македонија, и се протестира речиси секој ден. Помошта владата ја спакува во сет од 26 антикризни мерки, но повеќе од симптоматично  е тоа што сето ова го прави на само неколку месеци пред изборите и во момент кога рејтингот и е во вртоглав пад.

За основците и средношколците од ранливи категории семејства со ниски примања до 50.000 примања предвидено е во следните шест месеци  да добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари месечно. Пензионерите со пензија до 14.000 денари ќе добиваат по 3.000 месечно, оние со примања до 16.000 денари, 2.000 денари месечно, додека оние со пензија до 19.000 денари ќе добиваат помош од 1.500 денари.

Најголем дел од мерките ќе важат од први декември, а некои од 1 јануари, а ќе траат во просек по шест месеци, односно буквално до завршување на изборите.

  • Мерките се направени за граѓаните, а не за изборите, како што се водени и досега економските политики“, изјави Ковачевски, и додаде дека во овој пакет мерки е обезбедена поддршка за зголемување на ученичкиот стандард, за основците и средношколците од ранливи категории на семејства со ниски примања до 50 илјади денари. Така, над 105 илјади ученици во основното образованите и средношколците во наредните шест месеци ќе добиваат по 1.200 денари односно 1.800 денари месечно за што од Буџетот за оваа финансиска поддршка ќе се издвојат вкупно 14,3 милиони евра.

„За мерките наменети за граѓаните, домаќинствата и земјоделците издвоени се 156 милиони евра“, рече Ковачевски, додавајќи дека во овој пакет мерки е обезбедена поддршка за зголемување на ученичкиот стандард, за основците и средношколците од ранливи категории на семејства со ниски примања до 50 илјади денари. Така, над 105 илјади ученици во основното образованите и средношколците во наредните шест месеци ќе добиваат по 1.200 денари односно 1.800 денари месечно за што од Буџетот за оваа финансиска поддршка ќе се издвојат вкупно 14,3 милиони евра.

15.000 студенти надвор од местото во кое студираат ќе добијат ваучер за превоз од 600 до 1.200 денари.  По 1000 денари ќе добиваат корисниците на надоместок заради попреченост, самохрани родители, родители на лица со попреченост до 26 години.  За зголемување на земјоделското производствопредвидена е авансна исплата на субвенции на 1,8 милиони евра.

За компаниите се предвидени заеми во износ од 10 милиони евра, грантови преку Развојната банка во вредност од 39 милиони, како и дополнителни 100 милиони евра заеми преку Европската инвестициска банка.

  • „Ова што денеска е презентирано е предвидено во рамки на Буџетот за 2023 и Предлог-буџетот за 2024 година, каде имаме неколку извори на финансирање односно даночните приходи или финансирање преку задолжување. Овие мерки не се финансираат со кредитирање, затоа што буџетот како што е кроен во 2024 година, задолжувањето, односно дефицитот е понизок од капиталните расходи коишто се на ниво од 733 милиони евра, а дефицитот е на ниво од 545 милиони евра. Од тие 545 милиони евра скоро 300 милиони евра се за плаќање камати за вкупното задолжување во досегашниот период“, истакна министерот Бесими и додаде дека ние дефакто ова ќе го финансираме од средствата што се приливи врз основа на јавни давачки од страна на граѓаните и стопанството со цел да се направи поддршка и редистрибуција на средствата за поддршка на најранливите категории граѓани и стопанството, вели Бесими.

Целиот пакет тежи 662 милиони евра, сума која е предвидена со предлог – буџетот за следната година.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста