На поштата не и е прв пат да згреши со поштенските марки

Последниот скандал со поштенската марка со картата на фашистичката Независна држава хрватска, не е прв ваков голем пропуст на Македонската пошта.

Сајтот МКД МК, пишува дека поштата има издадено марка во 2013 година, каде во името на државата е заборавена буквата „Е“ па така земјата е именувана како Република „ Макдонија“. Инаку во моментот на сајтот на македонски пошти стои Република Македонија

На марка со руски астронаут, нацртан е американски шлем.

А според МКД МК, македонски пошти краделе и фотографии. Цртеж од Едреник бил преземен од плакат за филм, цртеж на зеленчук бил преземен од проспект за органска храна, за цртеж на автохтона билка е преземен странски цртеж. А грешките одат до таму што, Игуаната е претставена како домашно милениче во нашите краишта.

„Македонска пошта” во 2013 година ја збогати својата колекција на поштенски марки со две скандалозни решенија – поштенска марка со ликот на Реџеп Митровица, премиер на првата влада на Албанија од 1943 до 1944 година и претседател на озлогласената Втора призренска лига, со која се слави 125-годишнината од неговото раѓање, и на Али Риза, соработник, како што тврдат македонските историчари, со фашистичкиот окупатор.

Дали некој ќе понесе одговорност поради многубројните грешки кои ја ставаат македонската држава во позиција да се извинува на своите билатерални соработници, се уште не се знае.

Инаку, за скандалот со картата на профашистичката Независна држава, прво реагираше Србија, а потоа и Министерството за Надворешни работи на  Босна и Херцеговина која испрати протесна нота до амбасадата на Македонија во Сараево, во која искажуваат надеж дека станува збор за ненамерен пропуст на поштата на Македонија, кој остро ќе ја осуди и владата на Република Македонија.

Дејан Трендов

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста