ИВЗ ги објави мерките – џамиите сепак се отвораат на 12 мај

ИВЗ не се предомислува. Џамиите и дефинитивно се отвораат за верниците, и покрај постојаните апели на надлежните, дека со ова може да се загрози здравјето на луѓето.

Задолжително носење маска, дезинфекција на раце,одржување што е можно поголема физичка дистанца, молитвите да траат не подолго од 10 минути – ова се дел од мерките кои ги објави ИВЗ за своите верници. Џамиите во Косово пак, остануваат и натаму затворени,а за враќање на верниците ќе се одлучува кон крајот на месецов. Тетовци со поделени мислења. За едни одлуката е избрзана, други сметаат дека џамиите одамна требале да бидат отворени.

Во полошко пак, бројот на заразени со Kорона вирус постојано расте. И самиот вицепремиер Бујар Османи, вчера од Тетово,кога беа регистрирани дури 11 нови случаи, порача дека најлошото сеуште не е поминато, па олабавувањето на мерките треба да оди полека. Денеска се регистрирани два нови случаи, со што бројката на заразени во Тетово се искачи на 110.

Милена Вучевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста