Шефот на мексиканскиот нарко картел „Лос Зетас“ од почина корона вирус

Шефот на злогласниот мексикански нарко картел „Лос Зетас, Моис Ескамила Меј, наречен „Дебелиот Меј“, почина во најзаштитениот затвор во Мексико, Халиско, како последица на зараза со Ковид-19.

Ескамила (45) издржуваше казна затвор во траење од 37 години за голем број кривични дела, вклучително и за обезглавувањето на 12 лица на полуостровот Јукатан. Тој беше уапсен во 2008 година, а коронавирусот му беше дијагностицоиран два дена пред да умре од респираторни проблеми.

Локалните медиуми јавуваат дека во затворот се заразени стотици затвореници

„Лос Зетас“ е еден од најстарите и најголемите картели со центарот на славното одморалиште Канкун.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста