МЗ: Нема нови случаи на корона вирус

Негативни се резултатите кај лицето кое доцна попладнево се тестираше за корона вирус на Клиниката за инфективни болести. Како што соопштија од Министеството за здравство, пациентот кој дошол од Рим со симптоми слични на грип и побарал лекарска помош на Инфективна не е носител на вирусот Ковид – 19. Тој бил трет и последен пациент кој денеска се јавил на Клиниката како суспектен за корона, информираа од Министерството. Претходно негативни на Ковид – 19 биле и тестовите кај еден возач на транспортно возило кој на пат кон Македонија минал низ жариштето во Северна Италија, но и кај жената која со сопругот била на кусо патување во италијанската престолнина.

Добра е и здравствената состојба на 50 –годишната жена која со комбе пристигна од Северна Италија и кај која вчера беше потвден корона вирусот. Кај неа. според здравствените власти немало знаци на компликации. Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека 8-те патници и шоферот кои биле во комбето и уште 4 членови на нивните семејства се ставени во 14-дневна домашна изолација на пет локации, една во Скопје и четири во Струмица. Ги чуваат припадници на полицијата, а храна и вода секојдневно ќе им носат екипи на Црвениот крст.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста