МВР: Истрагата за убиството на 67-годишниот доктор е во напредна фаза

МВР: Истрагата за убиството на 67-годишниот доктор е во напредна фаза

Истрагата за убиството на 67-годишниот доктор, кој во четвртокот доцна вечерта беше пронајден избоден до смрт, во близина на поликлиниката „Железара“, е во напредна фаза, велат од Министерството за внатрешни работи.

Посочуваат дека  изминатите денови биле извршени службени разговори со повеќе од 15 лица, а прегледани се и 40 камери, вклучувајќи ги камерите на „безбеден град“, но и дека се уште се трага по убиецот.

Од мвр денеска велат дека се врши дополнителна криминалистичко-техничка обработка на возилото, а се обезбедуваат и листинзи од телефонските броеви и се врши нивна анализа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста