Кремљ: Организирањето на каков било  мировен самит за Украина што ја исклучува Русија, нема да биде успешен

Кремљ: Организирањето на каков било  мировен самит за Украина што ја исклучува Русија, нема да биде успешен

Организирањето на каков било глобален мировен самит за Украина што ја исклучува Русија е едноставно апсурдно и нема да биде успешно, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков во интервју за рускиот медиум „Аргументи и факти“ изјави дека Русија ја продолжува својата војна против Украина, која трае повеќе од две години, за да се заштити од западот. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, повика на меѓународен мировен самит, а претходно Швајцарија соопшти дека ќе биде домаќин и дека се разговара за датумот и деталите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста