ВМРО ДПМНЕ: Со колку и какви пари СДС, Пендаровски и Ковачевски го плаќаат мешетарот Исеин?

ВМРО ДПМНЕ: Со колку и какви пари СДС, Пендаровски и Ковачевски го плаќаат мешетарот Исеин?

Со колку и какви пари СДС, Пендаровски и Ковачевски го плаќаат мешетарот Асаф Исеин, кој шета по Балканот, познат по негативните кампањи ? – прашува ВМРО ДПМНЕ. Според партијата предводена од Мицкоски, штом Пендаровски, Ковачевски и СДСМ молчат, значи дека се фатени во лага и товко работат на предизборна кампања со Исеин која ќе се темели на креирање на поделби, етикетирања на критичарите и навреди кон јавноста и народот.

– Ако го плаќаат Асаф Исеин со црни пари, тогаш прават криминал. Ако неговиот ангажман го плаќа странски субјект, тогаш повторно го прекршуваат законот, дотолку повеќе што тој странски фактор би имал свои интереси да се меша во изборите во Македонија. Дека очајот е огромен кај власта, тоа веќе не е новост. Дека трошат на ангро да го ублажат поразот, исто така е општо познато. Но исто така апсолутен факт е дека ни странски, ни домашни креатори на негативна кампања нема да им помогнат да се спасат од поразот кој им претстои, е вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ од изутрината.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста