МПЦ-ОА со божиќни пораки за национално и духовно обединување

МПЦ-ОА со божиќни пораки за национално и духовно обединување

„Христос се роди, навистина се роди“ – Овие зборови одекнаа ширум храмовите во Македонија и православниот свет. Православните христијани го слават христовото раѓање – Божиќ.
Главното чествување кај нас, се оддржа во Соборниот Храм, од каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, преку Божикно послание порача да царува мирот, радоста и љубовта.

Од македонската православна црква – Охридска архиепископија, велат оти поделбите кај нас и во православието никогаш не биле поголеми. Испратија пораки на национално и духовно обединување.

  • „Православието никогаш не доживеало толкава подвоеност и внатрешно неединство. За жал, поделбите на различни основи не ја одминуваат ниту нашата македонска земја, а духовното и национално единство ни е потребно, попотребно од било кога, за да можеме како црква и како народ да опстоиме и да зачуваме се што е наше, македонско“ – Порача Отец Сашо Николовски од МПЦ.

Божиќ е празник на најголема радост. Се слави три дена. Божиќното утро почнува така што рано в зори се слушаат камбаните од православни цркви и храмови, се облекува свечена облека и се оди во црква на божиќна литургија, со молба кон Бога за здравје и бериќет. На овој ден, завршуваат и божиќните пости.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста