Модуларната болница во Битола отворена, најголемиот број пациенти со тешка клиничка слика

Поради огромната експанзија на корона-  вирусот овие денови Битола, најголема во Државата, потребата за хоспитализација на заболените се зголеми и  достигна над 123 лежечки пациени. Тоа услови и отворање на еден од двата сегмента на модуларната болница со капацитет од педесет кревети и сега Ковид- центарот располага со 170 активни легла. Најзастрашувачко е што речиси сите хоспитализирани пациенти во Клиничката болница се во тешка клиничка состојба.

-Кај хоспитализираните пациенти, можам да кажам, дека поголемиот број од нив  90% се со тешка клиничка слика и има потреба од перманентна кислородна поддршка оти се кислородно зависни. Тоа се страшни слики кои се јавуваат кај с`е помлада популација, што е жално и многу страшно, кај млади и здрави луѓе какви страшни слики се развиваат- рече Д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничката болница во Битола.

Кадарот, по принципот на ротација  е обезбеден во Ковид- центарот , а помалку ургентните одделенија на болницата преминуваат во сменско работење и се покриваат сите  итни и ургентни состојби.

Во Битола, ковид- 19 веќе неколку недели има тренд на сериозно заголемување, а во последната недела кулминираше со екстремно висок процент  на пораст.

-Во Битола, претходната недела бројките беа шповисоки од претходните недели, макар што, ова покачување трае 4- 5 недели. За седум дена, во регионот што Битола го покрива, имавме 782 новорегистрирани случаи, од кои, во Битола имаше 555 со некое неделно зголемување од 76 проценти, што навистина можеби  беше очекувано бидејќи во другите градови од регионот овој врв на новозаболени го доживуваа во претходните недели- рече д-р Елизабета Крстевска, директор на ЦЈЗ- Битола.

Во вакви услови, за само седум дена, бројот на хоспитализации во целиот Југозападен Регион е зголемен за 50 отсто, што е загрижувачки факт. Бројката на смртност во Битола претходната недела е 15 лица, а вкупно 31 лице починале во Регионот, велат од ЦЈЗ во Битола.

Професорот Дејан Трајковски, коментирајќи ги последните мерки и состојбите во Битола, вели дека се многу задоцнети и недоволни во оваа фаза на епидемијата.  Тој смета дека во најдобар случај можат само да ги стабилизират дневните бројки и при репродукционен број над 1,6 во Битола, неопходно е нагло соборување на бројките со 96 часовен тотален локдаун,  со што, до идната среда би се намалиле за 70 проценти.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста